Занимливост, Интересно
Креативна уметност
Младата креативна малезиска уметничка Hong Yi, која за јавноста е позната и како „Red” e личност која навистина е талентирана.
Како и секој ликовен уметник и таа сака да слика сѐ во што ќе најде инспирација, само не со четка за сликање, како што тоа го прават поголемиот број ликовни уметници.
Како алатки кои ги користи за сликање, младата уметничка употребува најразлични предмети од секојдневниот живот.
Дел од нејзините уметнички дела се направени со отисоци од шолја во која таа пие кафе кое намерно со истурила во тацната за да има повеќе материјал кој ќе го пренесе на уметничкото платно.
Како резултат на оваа необична техника е добиен овој интересен и преубав уметнички портрет.
Потоа нејзината креативност ја изразува и во чиниите во кои таа го јаде нејзиниот оброк.
Од 1-ви до 31-ви март оваа година таа создаде неверојатни уметнички дела кои всушност беа направени од храна, а наместо платно беа употребени чинии врз кои беа поставени делата.
Овие т.н. цртежи ги преплавија сите портали со што на младата уметничка и донесоа светска слава. Погледнете дел од нив.
Исто така огромна популарност бележи и портретот на непознат човек кој Hong Yi го направи со употреба на 750 пара чорапи. Интересно во секој случај, многу оригинална идеа.
Она по што во моментов е популарна Hong Yi е нејзината нова уметничка ликовна колекција, во која овој пат младата Малезијка употреби листови од најразновидни цветови во секакви бои и форми, со кои создаде неверојатни видови на егзотични птици, кои изгледаат премногу вистинито и чии пердуви се одлично направени.
Материјалите за овие дела, шарените цветни листови, Hong Yi ги бере во нејзината градина во Малезија.
Делата се воодушевувачки и прекрасни, погледнете ги и самите оценете.
Што следно планира да создаде и да креира оваа неверојатно талентирана млада Малезијка, останува да почекаме.
Додади коментар