Креативни идеи за искористување на старите и непотребни работи

12 декември, 00:05

Сите дома чуваме стари работи и предмети, кои веќе со години не ги користиме.
Ги преместуваме од еден во друг дел во домот или во подрумите и при секое преместување си кажуваме дека наредниот пат кога ќе ни засметаат, обавезно ќе се ослободиме од нив. Но и самите знаеме дека тоа не се случува така брзо и често и постапката на преместување се повторува до бескрај.

Понекогаш таквите стари и веќе неупотребливи работи и предмети ги чуваме бидејќи нè поврзуваат на некој начин со нашето минато и ни будат пријатни спомени, а понекогаш ги чуваме за во случај да нè ни затребаат некогаш.

Доколку се пронајдовте во текстот, значи доколку чувате стари предмети на кои не знаете што да им правите, а не сакате да се ослободите од нив, примерите за како нив да ги пренамените се токму за вас.

Погледнете ги идеите како од нешто што со години е старо и неупотребливо можете да направите нешто ново и корисно.

Употребете ја вашата фантазија, реализирајте ги вашите идеи и украсете го вашиот дом со некој нов, односно стар детаљ.

 


Стари алати и клучеви како закачалки.

 


Ролни од тоалетна хартија како организери.

 


Стар велосипед како мијалник за во тоалет.

 


Кутија од CD како кутија за храна и сендвичи.

 


Стари кредитни картички како перца за свирење на гитара.

 


Тркало од велосипед како часовник.

 


Стара скала како полица за книги.

 


Неупотреблива када како кревет за седење и одмарање.

 


Стар куфер како фотелја.

 


Клавир како полици за книги и украси.

 


Столици на расклопување како полици и закачалки за облека.

 


Закачалки како параван.

 


Стар телевизор како аквариум.

 


Стари книги како полици.

 


Тениски рекети како огледала.

 


Стари шешири како лустери.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 12396 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус