Кујна

Декоративни палачинки со пилешка салата

24 мај, 05:38

Пилешката салата е многу вкусна и затоа е одличен избор за сите семејни прослави.

Наместо класична салата послужена во чинии, може да ја послужите со палачинки. На овој начин ќе добиете декоративен солен десерт кој ќе ја збогати и разубави трпезата.

 

 

РЕЦЕПТ ЗА ПИЛЕШКА САЛАТА (за полнење на околу 20 палачинки)
500 гр. пилешки гради
мало пакетче маринирани печурки
половина главица кромид
2 павлаки
Малку масло и зачини (бибер, сол, оригано)
1-2 лути пиперчиња (туршија)

ПОДГОТОВКА:
Стекот се вари, па се миксира или се сечка на многу ситни парчиња. Во тава за пржење ставаме масло и го пржиме ситно сечканиот кромид, малку да омекни. Ги додаваме сечканите печурки и пржиме уште неколку минути. Кромидот и печурките ги додаваме на иситнетиот стек, додаваме сол, црн бибер, оригано, по желба и сечкани лути пиперчиња, како и двете павлаки. Убаво мешаме додека се добие хомогена смеса.

СОВЕТ: При варењето на стекот, во водата ставете и морков, па од течноста може да си направите супа.

ПОДГОТОВКА НА ПАЛАЧИНКИТЕ
Врз секоја палачинка се ставаат мали листови марула (претходно измиени и исцедени) на тој начин што марулата малку да излегува од двата краја на палачинката. Ставаме салата и ја виткаме палачинката како ролат. Секоја палачинка ја сечеме накосо по средината и ги редиме во чинија.

СОВЕТ: Најдобро е палачинките да ги направите сами, бидејќи подобро изгледаат ако се потенки. Колку е палачинката подебела, толку погрубо делува свиткана како ролат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3337 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус