Кујна

Крцкав зеленчук - одличен гарнир за месо и риба

09 ноември, 07:04

Компирот кој вообичаено го служиме како додаток на месото или рибата може да се замени со овој навистина вкусен и пред сè здрав гарнир.

Крцкавиот зеленчук се подготвува и повеќе од едноставно, целата постапка ќе ви одземе околу 20 – на минути, а ќе добиете одличен додаток на секој главен оброк.

Одговара со сите видови месо, во комбинација со риба, па дури и со потпечен посен ориз.

Користете сè што имате при рака: кромид, морков, пиперка (црвена и зелена), корнишони, карфиол, брокула, зелка, боранија...

Секој зеленчук се сечка на долги ленти, а карфиолот и брокулата на помали цветови.
Кромидот е задолжителна состојка, особено ако подготвувате посна варијанта, бидејќи токму кромидот му дава еден посебен вкус на крцкавиот зеленчук.

Доколку пржите или печете месо, дел од маснотијата употребете за пржење на зеленчукот.

Најпрво се става кромидот и морковот, кратко се пржи, се додаваат другите видови зеленчук и со повремено мешање се пржат 10-на минути, колку да се измешаат вкусовите и зеленчукот малку да омекне.

Зачинете само со малку сол и послужете по ваш избор – со месо или риба.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8969 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус