Кујна

Немате некоја состојка за рецепт? Еве со што може да ја замените

02 август, 00:54

Наидовте на одличен рецепт, го запишувате или си го чувате во компјутер, па брзо во кујна по состојките, си го замислувате вкусот и едвај чекате да пробате, почнувате со подготовка и во еден момент сфаќате дека имате само 1 јајце, или немате прашок за печиво, потребни ви се 2 лажици јаворов сируп...

Колку пати ви се случило ова?

 


Честопати се случува да заборавиме на некоја состојка или да немаме доволно количество, но тоа не е пречка да подготвиме вкусна храна.

Некои состојки трпат замена и речиси воопшто не го менуваат вкусот на храната.

Доколку ви недостига некоја од следните состојки, слободно заменете ги според упатството.

За некои состојки, како што е мајонезот или шеќерот, замената е пожелна дури и кога ги имате, бидејќи состојките кои може да послужат како замена се многу поздрави.


  • 1лажица густин (скроб) = 2 лажици брашно
  • јаворов сируп = мед измешан со малку вода
  • шеќер = мед (медот како замена за шеќер отприлика  е ¾ од количеството на шеќер, на пример 100 гр. шеќер = 75 гр. мед)
  • кисело млеко = павлака или јогурт (иста количина)
  • 2 жолчки = 1 јајце ( за крем од ванила за торта)
  • прашок за печиво = сода бикарбона (сооднос 2:1, ако во рецептот стои едно пакетче прашок за печиво од 15 грама, заменувате со 7-8 грама сода)
  • лебни трошки = крекери или грисини (ставете ги во кеса и со сукалка поминете по нив да се иситнат) или иситнето парче препечен леб
  • мајонез = павлака (салатите со мајонез ќе бидат многу повкусни и поздрави доколку дел од потребната количина мајонез замените со павлака)
  • сок од лимета = сок од лимон

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3412 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус