Лазањи – неодоливо вкусни

27 септември, 06:10

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 5 чешниња лук
  • 1 киска магдонос
  • 250 мл бело вино
  • сол
  • оригано
  • пипер и други зачини по желба
  • 150 гр шампињони
  • 2 лажици брашно
  • 50 гр путер
  • 700 мл млеко
  • тенки кори за лазањи
  • кашкавал

Подготовка:

Кромидот исечкан на коцкички се пржи на масло, по што се додаваат месото, лукот и печурките. Посолете и додадете ги зачините по ваш вкус. Откако ќе почне месото да се дели на ситни зрна се додаваат магдоносот и белото вино. Се меша и се остава на тивок оган да се вари околу 15 минути. 

Во друг сад ставете ги путерот, млекото и брашното. Ставете ги на тивок оган и мешајте додека да се соединат. 

И за крај земете сад за печење со соодветна големина и ставајте мелно месо, па рендан кашкавал, па тенка кора, па сос. Повторувајте ја оваа постапка и со остатокот од состојките, притоа треба да завршите со слој мелено месо и дебел слој на рендан кашкавал. Се пече на 180 целзиусови степени околу 30 минути.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6202 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус