Легенда за Халеакали - кратерот во кој било заробено Сонцето

15 јуни, 00:03

Огромниот кратер Халеакали се наоѓа на источниот дел на Хавајскиот остров Мауи, на надморска висина од 3.055 метри, а самиот врв се издигнува високо над облаците кои го опкружуваат Мауи, кој е втор остров по големина во Хаваи.

Кратерот на овој вулкан е широк 11 км, а неговото дно зафаќа површина од 50 км квадратни.

На површината на кратерот се наоѓаат шуми, пустини, ливади и дури и езера. Пустинските делови се прекриени со песок со различни бои како темно чоколадна, па сѐ до светло кремова, а има и темно сива и темно црвена пепел.

Халеакали на полинезиски значи „Куќа на Сонцeто”, а зошто токму ова место се поврзува со Сонцето ќе ви открие легендата која и ден денес се раскажува помеѓу жителите на ова место.

За жителите Халеакали - кратерот кој се извива високо над облаците, отсекогаш бил свето место. На него се принесувале жртви кон Бог и се погребувале поглавиците на племињата. Токму заради тоа овој вулкански кратер е дом на најпознатите легенди на островот како што е и оваа.

Некогаш многу одамна Сонцето многу брзо поминувало над Хаваи, така што никогаш немало доволно време да се исуши марамата, која божицата Хина, мајката на богот Мауи ја правела од кора од дрвја и ја обојувала во бои.
Кога еден ден Мауи слушнал како неговата мајка толку многу се жали на Сонцето, смислил план за да го надитри Сонцето, а токму таков и бил Мауи - лажливец.
Сплетел огромно јаже од кокосови влакна и додека сѐ уште било мрак, се качил на врвот од вулканот каде планирал да ја направи заседата.
Штом утрото се појавиле првите сончеви зраци, Мауи над нив го фрлил јажето и го свлечкал Сонцето во дупка која била длабока 1.000 метри.
После тоа Мауи го држел Сонцето во заробеништво сѐ додека тоа конечно не ветило дека во иднина многу побавно ќе минува над небото над Хаваи.

Затоа кратерот во кој некогаш било заробено Сонцето од тогаш се вика „Куќа на Сонцето”.

Легенда за Халеакали - кратерот во кој било заробено Сонцето, Legenda za Haleakali kraterot vo koj bilo zarobeno Sonceto, zanimlivost, legendi, krater, sonce, Haleakali, Havai, занимливост, легенди, кратер, сонце, Халеакали, Хаваи
Поглед кон изгрејсонце од врвот на вулканот

Внатрешноста на вулканот

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1822 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус