Легендата за Божиќната свеќа

07 јануари, 00:01

Во средновековна Европа луѓето палеле големи свеќи за Божиќ, како сеќавање на доаѓањето на мудреците во Витлеем. 

Свеќите во домовите ја симболизирале и добрата волја и подготвеноста да им се помогне на оние на кои им треба храна и засолниште. Запалената свеќа во домот покажувала дека сите оние на кои им треба помош се добредојдени.

Легендата раскажува дека светлината на свеќите во домовите го водела детето Исус и му го покажувала патот додека барало место каде ќе може да ноќева. 

Според верувањето, ако на Божиќ запалите свеќа и ја ставите на прозорецот, му го осветлувате патот на Исус и неговото семејство, а покажувате и дека вашиот дом е отворен за гости.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5839 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус