Легенди

Легенда за детелината со четири листа

21 мај, 00:03

Сигурно до сега имате слушнато дека детелината со четири листа носи среќа и сигурна сум дека сите вие како и јас како мали сте барале и сте сакале да пронајдете детелина со четири листа.
Причината поради која секој сака да пронајде ваква детелина која најмногу ја има со три листа е во верувањето дека оној кој ќе најде детелина со четири листа ќе биде многу среќен во животот.
Но зошто постои такво верување за една навидум обична тревка која е распространета буквално насекаде во природата, дали ја знаеме причината за тоа?

Во продолжение прочитајте ја легендата која на некој начин ќе ја објасни поврзаноста на среќата со детелината со четири листа и потоа кога ќе ви се укажи шанса продолжете да барате детелина со четири листа бидејќи не можете да знаете што може да се случи ако имате среќа да ја пронајдете.

Според едно старо верување кое со генерации и генерации е пренесувано, секој од четирите листови од „Детелината со четири листа” има свое посебно значење, па така:

- првиот лист ја симболизира ВЕРБАТА;
- вториот лист ја симболизира НАДЕЖТА;
- третиот лист ја симболизира ЉУБОВТА и
- четвртиот лист ја симболизира СРЕЌАТА.

Древната легенда го кажува следното:
„Ако пронајдете „Детелина со четири листа” ќе бидете среќни во текот на целиот живот, бидејќи ако имате верба имате и надеж, а преку нив сте во потрага за љубов, преку која со сигурност ќе ја пронајдете и вашата среќа.”

Верувајте во легендата, пронајдете „Детелина со четири листа” и вечно бидете среќни.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6215 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус