Легенди

Легендата за Дедо Мраз

03 јануари, 00:41

Легендата за Дедо Мраз започнува уште во далечната 280 година од нашата ера, кога се смета дека се родил Свети Никола, монах кој зрачел со својата добрина и несебичност. Многу легенди сведочат за чудотворната моќ на монахот кој целиот свој живот го посветил на несебичното помагање на болните и сиромашните, а се сметал и за заштитник на децата и морнарите.

Долги години подоцна холанѓаните почнале да го нарекуваат Sinter Klaas, кратенка од холандското  име за Свети Никола ( Sint Nikolaas). Од холандското име Sinter Klaas произлегло името Santa Clause, име кое и ден денес се користи ширум светот.

Дедо Мраз е симбол за добрина, искреност и несебичност. Без разлика дали верувате во него или не, секогаш ви мами насмевка и ве потсетува на детството и магијата на новогодишните празници.

Некои од нас сè уште веруваат дека некаде далеку, на северниот пол, во мала слатка куќичка живее Дедо Мраз, а деветте ирваси стрпливо чекаат да започне новогодишното патување.

Посакајте желба, верувајте во Дедо Мраз и навратете се во детството. Којзнае, ако навистина верувате, можеби ќе ги слушнете ѕвончињата на ирвасите и ќе почувствувате дека санката на Дедо Мраз прелетуваа над вашиот дом.

Легендата живее и носи радост секоја година, одново и одново.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7111 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 април

17 април
Во 1972 година е родена Џенифер Гарнер, холивудска актерка која се прослави со улогата на агент на ЦИА во телевизиската серија „Alias”, за што беше наградена со Златен глобус и SAG награда
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус