Легенди
Легендата за рузмаринот
08 јануари, 10:20
Многу одамна, рузмаринот бил обична грмушка без мирис и цвет.
Еден ден, кога Марија патувала со бебето Исус, застанала кај еден поток за да ја испери облеката на бебето и ја ставила да се суши на една токму таква грмушка. Кога облеката се исушила, Марија го благословила растението и посакала да има прекрасни сини цветови како облеката која во моментот ја носела и убав мирис кој ќе го симболизира мирисот на облеката на бебето Исус.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 1755 пати.
Додади коментар