Легенди

Постои ли снежниот човек Јети?

21 октомври, 00:03

Низ целиот свет постојат приказни кои раскажуваат за постоењето на мистериозните суштества Јети. Тие суштества најчесто се опишани со ликови на мајмуни, многу слични се на луѓето, понекогаш се појавуваат во облик на мечки, имаат крзно, некогаш бело, некогаш црно а стапалата им варираат од нормална до екстремно голема димензија.
Јети или снежниот човек најмногу се појавува во приказните, но веќе неколку години постојат големи дилеми и недоумици дали ова суштество навистина постоело или не.

Легендата раскажува дека на врвот на светот, на Хималаите живеело мистериозно влакнесто суштество со лик на мајмун. Оваа натприродна појава живеела и се движела во пределот помеѓу Непал, Тибет и Индија и лутала по далечни, ненаселени и забранети предели.
Многу често фамозните приказни се поткрепени и со разни докази како што тоа обично се матни и не толку јасни фотографии, отисоци од стапала во снег, а во скоро време и видео записи од мобилни телефони, кои сведочат за постоењето на ова двоножно суштество.
Што и да се земе во обѕир не може со 100% сигурност да се докаже дека митскиот снежен човек Јети постои или постоел.

Во 1953 година експедиција составена од искусни планинари која го освоила врвот Монт Еверест наводно пронашла отисок од големо стапало додека се искачувала кон врвот.
После тоа на истото место биле упатени неколку експедиции со цел да соберат докази за постоењето на Јети, но сѐ се завршило безуспешно.
Во 1960 година биле вложени големи средства за екстремно патување на високите ладни врвови и потрагата по снежниот човек добила многу поширока димензија. Престојот на групата од скоро една година во снежните предели не дала никакви резултати и покрај тоа што биле користени огромен број фотоапарати и видео камери. Единствено што успеало да се докажи е тоа дека непознатите влакна кои биле пронајдени и за кои се мислело дека се од снежниот човек му припаѓаат на посебен вид мечки.

За тоа дали постојат или не Јети интересно е што секогаш постои дилема. Гледајќи наназад низ вековите нема убедливи докази дека снежниот човек постои, но од друга страна пак до ден денес никој со сигурност не може да каже и дека не постои. Како и да е нас ни останува само легендата и сопствениот избор дали ќе веруваме во неа или не.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5180 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус