Легенди

Велигденски легенди

11 април, 00:03

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден кој е препознатлив по вапсувањето и бојадисувањето на јајцата, ви ги пренесуваме неколкуте легенди и митови за тоа како настанала традицијата за вапсување на велигденските јајца. 

 

 

 


Велигденско зајаче – зајачето најчесто е дел од декорацијата и украсите на овој голем христијански празник и него, на овој голем ден го има во скоро секој дом.
Значењето на самото зајаче е размножувањето, па поради желбата да се зголеми бројот на членовите во фамилијата, омилено е кај сите христијани. 
Наназад низ историјата легендата кажува за божицата на плодноста Eostre, според која се претпоставува дека е добиено и името на Велигден, на англиски Easter, која во текот на целиот нејзин живот била придружувана од зајачиња. 
Како и да е, убаво е за Велигден да го збогатите вашиот дом со неколку украси од зајачиња покрај обоените велигденски јајца, и да уживате во најголемиот христијански празник.

Велигденски легенди, Veligdenski legendi, Veligdensko zajace, Велигденско зајаче


Како почнале да се вапсуваат велигденските јајца – една од легендите зборува за Исус Христос. Имено, кога тој бил распнат на крстот, под крстот дошла една кокошка која снесла јајце. Јајцето потоа се обоило во црвена боја од крвта која течела од Исусовото тело. 

Друга легенда зборува за Дева Марија кога отишла да го посети гробот на нејзиниот син единец. Таа си носела кошница полна со сварени јајца за да руча, но кога стигнала на гробот и кога ги извадила јајцата, тие не биле повеќе бели, туку биле обоени во најразлични бои. 

Исто така постои и уште една легенда за Дева Марија кога таа им давала варени јајца на војниците кои биле присутни при распнувањето на Исус Христос на крстот. Со секое подарено јајце таа ги молела нив да бидат колку што е можно помилозливи кон Христос и при тоа плачела, а нејзините солзи кои паѓале врз јајцата ги бојадисувале со цветни бои.

Велигденски легенди, Veligdenski legendi, Како почнале да се вапсуваат велигденските јајца, Kako pocnale da se vapsuvaat veligdenskite jajca

Легенди, митови и преданија има безброј, но за нас како христијани е важно дека треба да ја продолжиме традицијата на вапсување на велигденски јајца, која од колено на колено се пренесувала илјадници години наназад низ историјата. Само така ќе бидеме верни христијани и ќе ја сочуваме нашата христијанска традиција која сведочи за нашето минато, сегашност и иднина.

​Veligdenski legendi, Велигденски легенди

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4009 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус