Убава наша, Репортажи

Лесновските воденичарски пештери

19 март, 13:19

Селото Лесново кое е во склоп на општината Пробиштип, е надалеку познато село не само по неговата висока надморска височина од 890 метри, не само по неговиот чист планински воздух и пријатната умерено континентална планинска клима, не само по надалеку прочуениот и познат Лесновски манастир, туку и по тоа што тоа е единственото село во нашата  држава кое лежи на кратерот на изгаснат вулкан.

Историјата на селото изобилува со преданија, легенди и митови кои од колено на колено биле доследно пренесувани со цел да се задржат корените и да се знае од каде потекнуваат луѓето кои тука живееле и сѐ уште живеат, знаат да речат жителите на Лесново.

Во непосредна близина на селото, високо на вулканскиот рид се наоѓаат педесетина пештерски каменоломи кои претставуваат вистинска атракција на овој дел. Имено приказната раскажува дека вулканот во минатото бил доста активен, па од лавата која течела се формирале овие надалеку познати вулкански карпи. Кога вулканот згаснал и кога местото било населено со жители, единствен извор на приходи им биле токму овие вулкански карпи.
Во тоа време Осоговијата одекнувала од ударите со чеканите, клиновите и железните длета од луѓето кои ископувале руда и оформувале воденички камења, кои биле многу барани во Солун и Цариград и продавајќи ги камењата тие ги прехранувале своите семејства. 
Се верува дека секое семејство имало своја пештера од која секојдневно ископувало руда и оформувало воденички камења. 
И додека се работело во пештерите и од изгаснатата лава се дробеле камења, луѓето го граделе и манастирот посветен на свети Гаврил, па така тие во пештерите палеле кандила и свеќи, разговарале со Господ, се молеле и понекогаш и спиеле.

Денес пештерите наликуваат на мали светилишта од кои се шири пријатен мирис на темјан.
Внатре во пештерите се наоѓаат многу бројни икони кои се посветени на свети Гаврил па затоа и прошетката од една до друга пештера е вистинско уживање за сите добронамерни посетители.
Патеката до пештерските отвори е обезбедена со сигурносна ограда, па така и прошетката е безбедна и во исто време воодушевувачка.

Ако порано никогаш не сте слушнале за Лесново, за Лесновскиот манастир и за Лесновските воденичарски камења ова е одлична шанса да се запознаете со овие природни убавини кои ја красат нашата држава, а ако уште имате и прилика да го посетите Лесново, не двоумете се тоа уште денес да го направите. Верувајте дека ќе го збогатите вашето духовно знаење и вашиот духовен мир, ќе ги задоволите вашите сетила и ќе бидете побогати со едно сосема ново и прекрасно искуство.

Посетете го Лесново уште денес!

Lesnovskite vodenicarski pesteri, Lesnovo, Лесновските воденичарски пештери, Лесново

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7965 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус