Животен стил, Кујна, Рецепти

Лиснатици

14 април, 08:57

Се замесува меко тесто од брашното, маслото, водата и солта. Потоа, од тестото се сучи една голема кора врз која се ренда маргаринот, кој претходно треба да биде малку подзамрзнат. Кората се витка во форма на плик и се става во фрижидер да отстои 30 - 40 минути.

Потоа се вади од фрижидерот и повторно се сучи во една голема кора, овој пат со четче се премачкува со малку масло. Кората се витка во форма на плик и се става да отстои во фрижидер 20 - 30 минути.

Оваа постапка се повторува уште еднаш.
Откако тестото ќе отстои по трет пат во фрижидерот, се вади и се сучи во една голема кора која не треба да биде многу тенка. Се премачкува со изматено јајце (може и со сенф растворен со малку вода – за оние кои сакаат да направат посни лиснатици) и се попрскува со сусам.

Се сечат форми по желба и се печат во загреана рерна на 200 степени, 30 - 40 минути.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7364 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус