Љубовни совети за врска со Бик

10 мај, 00:53

Биковите се едни од ретките знаци кои сакаат едноставни нешта и не можат да ја поднесат изиграната доверба.

Доколку сте во врска со Бик, обратете внимание на следните нешта, кои се надеваме ќе ви помогнат да ги разберете лицата кои во хороскоп се Бикови, и секако да најдете добар заеднички јазик со нив.

 

 

Сензуалност и сексуалност
Биковите се еротични знаци, уживаат во интимност и сакаат да доминираат, но исто толку сакаат и некој да доминира со нив. Ако сакате да им угодите, дозволете им да ве водат, но и вие покажете иницијатива и понекогаш бидете доминантни.

Финансиска стабилност
Лицата со хороскопски знак Бик сакаат финансиска стабилност, затоа не очекувајте да ви подаруваат скапи и луксузни подароци. Внимаваат на секој денар, го ценат она што го заработиле и сакаат да имаат финансиска независност.

Едноставност
Бидејќи сакаат едноставни нешта, Биковите уживаат во едноставни средби и љубовни состаноци на тивки места, пикник на ливада или плажа, без многу луксуз и врева.

Не сакаат компромиси
Биковите сакаат нештата да ги прават на свој начин и тешко ќе најдете компромис со нив. Вашето мислење, и воопшто туѓото мислење многу тешко и ретко го земаат предвид, па бидете подготвени на врска без компромиси.

Знаат што сакаат
Биковите знаат што сакаат од животот и бараат некој кој тоа ќе го цени. Не сакаат кога некој се обидува да ги одврати од патот и постојано да се обидува да ги натера нештата да ги прават на друг начин.


Без оглед на она што го кажуваат ѕвездите, и Биковите се само луѓе, па обидете се да ги разберете, сакајте ги на ваш начин и секако, повремено обидете се да ги земете предвид нештата кои ги сакаат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5261 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус