Љубовни совети за врска со хороскопски знак Девица

02 септември, 06:24

Тие се креативни, логични и темелни личности, но знаат да бидат и доста тешки за љубовна врска.

Можеби нашите совети ќе ви помогнат полесно да ги освоите и да изградите добра врска со нив.

 

 

 

Анализираат речиси сè
Девиците се личности кои анализираат сè околу нив, а особено ги анализираат сопствените постапки. Постојано размислуваат за нештата кои ги направиле, како тие нешта ќе влијаат врз нив и другите, каков ќе биде исходот на некоја ситуација. Бидете подготвени да ве анализираат и најдете начин малку да ги оттргнете од оваа нивна особина, со цел да ви посветат и вам малку внимание.

Сакаат да се сакани
Лицата родени во знакот на Девица се навистина романтични души. Веруваат дека за секоја личност постои сродна душа, сакаат романтични нешта, кога ќе се вљубат сакаат со цело срце, но треба и да почувствуваат дека се сакани. Ако сакате да ги задржите крај себе, доволно е искрено да ги сакате и тоа да им го покажете.

Постојано прашуваат
Можеби ќе ви изгледа како лоша особина, но верувајте не е така. Девиците поставуваат многу прашања, не затоа што се љубоморни или претерано љубопитни, туку затоа што се грижат. Ако вашиот партнер девица постојано ве распрашува, одговорете смирено и искрено и не заборавајте, тој само сака да бидете безбедни и среќни.

Сакаат да се гордеете со нив
Девиците се доста успешни личности и голем дел од нив се во светот на бизнисот. Многу им значи она што го работат и сакаат партнери на кои не им смета нивната успешност. Најдобар начин да освоите Девица е да ја поддржите и да ѝ покажете колку се гордеете со нејзиниот успех.

Премногу се логични
Може да се рече дека Девиците се екстремно логични личности и секогаш ќе го откријат проблемот, без разлика за каков проблем станува збор и колку време ќе потрошат додека го откријат. Покрај логиката, тука е и нивната практична страна со која треба да излезете на крај. Доколку лесно ги трошите парите, подгответе се да се соочите со Девиците, бидејќи тие не сакаат непотребно и непрактично трошење. Во денешно време, оваа нивна особина можеби и не е така лоша, па може и вие да ја развиете кај вас.

Со сите свои предности и недостатоци, девиците сепак се нежни суштества кои можат да бидат совршени партнери, доколку навистина се чувствуваат сакано.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3694 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус