Занимливост, Убави нешта

Лотосовиот центар – прекрасен спој на убавото и корисното

09 јули, 06:21

Лотосовиот центар во Вуиџин, Кина, е вистински бисер на архитектурата, градба инспирирана од природата, составена од три одделни зданија кои ги претставуваат трите фази од цветањето на лотосот.

Сместен во срцето на градот на сред вештачко езеро, Лотосовиот центар е замислен како културно сидро каде ќе се одржуваат изложби, а трите градби се опремени и со прекрасни конференциски сали.

Ливчињата на лотосот се направени од нерѓосувачки челични плочи, а градбата е во служба на природата и заштедата на енергија. 2 500 термални цевки се поставени во земјата под вештачкото езеро со што се овозможува полесно ладење во лето и затоплување во зима.

Лотосовиот центар – прекрасен спој на убавото и корисното, lotos, arhitektura, kina, ezero, езеро, кина, лотос, архитектура, сала за конференција

Архитектите навистина се потрудиле па му дале печат и на самото влегувањето во некоја од градбите. Имено, за да влезете во некоја од лотосовите градби мора да поминете низ тунелот кој се наоѓа под вода.

Во вечерните часови лотосот добива сосема нов лик благодарение на системот за осветлување кој менува различни бои на секои 30 секунди.

Лотосовиот центар – прекрасен спој на убавото и корисното, lotos, arhitektura, kina, ezero, езеро, кина, лотос, архитектура, сала за конференција

Лотосовиот центар – прекрасен спој на убавото и корисното, lotos, arhitektura, kina, ezero, езеро, кина, лотос, архитектура, сала за конференција

Лотосовата градба е спој на убавото и корисното, дело создадено со многу внимание и љубов со цел да послужи како инспирација за идни проекти кои ќе разубавуваат, но и ќе донесат нешто корисно.

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1688 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 август

11 август

Во 1999 година настанало потполно затемнување на Сонцето какво во Британија не било видено од 1927, а во Европа од 1990 година.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус