Мој предлог, Филм

Love, Wedding, Marriage - романтична комедија

15 февруари, 07:20

Love, Wedding, Marriage е романтична комедија во која се претставени проблемите на семејството на Ава и нивното влијание врз нејзиниот брак.

Ава и Чарли се среќен пар кој ја има целата среќа на светот. Тие се млади, убави, вљубени еден во друг, среќни и со убава работа. Но, мајката на Ава открива дека пред 25 години нејзиниот сопруг имал афера, поради што сака да се разведе. Бредли, татко ѝ, се преселува во домот на Ава и Чарли, поради што нивниот брак тргнува во лоша насока. Ава е опседната со намерата да ги спои своите родители, притоа заборавајќи на својот живот. Случајно ќе дознае дека пред 10 години Чарли бил женет. Причина плус за да се разделат е и однесувањето на Чарли кој не сака да ги прифати нејзините родители и нивните проблеми.
Како овој пар ќе ги надмине своите проблеми погледнете сами.

Love, Wedding, Marriagе е во режија на Дермот Малруни, во главните улоги настапуваат Манди Мур и Келан Луц.

 


 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2053 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус