Мајонез од лук – еликсир на младоста

01 август, 06:51

Овој интересен рецепт е наменет за љубителите на ароматичниот вкус на лукот.

Мајонезот од лук е вистински специјалитет, одлично одговара со секое јадење, а предноста на вака подготвениот лук е во тоа што во секое време ќе ви биде на дофат, без постојано да чистите, сечкате или толчите лук.

Може да стои подолго време во фрижидер, па слободно посегнете по тегличката, уживајте во вкусот и внесете дневна доза здравје.

И уште нешто многу добро – не мириса толку силно како свежо исечканиот или истолчен лук (или само нам така ни се чини!), па слободно јадете сиsmiley

Потребни состојки:

3 главици
1 дл. маслиново масло (може и обично)
сок од пола лимон
малку сол
По потреба сразмерно зголемете ја или намалете ја дозата.

Подготовка:

Исчистениот лик ставете го во блендер или истолчете го со малку сол. Префрлете го во пластичен сад, па матете го со миксер со постепено додавање на маслото и сокот од лимон. Со текот на матењето смесата ќе се згуснува и ќе добива текстура слична на мајонезот.
Се чува во фрижидер, во стаклена тегличка.

Уживајте во вкусот на мајонезот од лук и слободно намачкајте го и на парче потпечен леб!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14832 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Февруари

9 Февруари

Во 1974 година е родена американската актерка и модел Амбер Валета. 

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус