Македонија – ризница на манастири и духовност
Далеку од градската врева и секојдневието, изолирани во тишина и обвиткани со мајката природа, насекаде низ нашата Македонија почиваат манастирите – непресушни ризници на монаштвото и духовноста.
Додека живописите ја раскажуваат својата приказна, тишината и чувството на душевен мир ве исполнуваат и ве носат во светот на духовноста.
А таму, во тој чудесен свет, нема место за лоши мисли и намери, таму царува мирот, добрината, насмевката измамена од убавината на природата која се сплотила со манастирот.
Ова е нашата убава земја, претставена преку манастирите. Самиот поглед на овие прекрасни разгледници буди пријатни чувства и желба да се доживеат одблизу, за момент да се биде дел од тишината и спокојот кој го нудат.
Манастир Трескавец – Прилеп
Манастир Водоча – Струмица
Манастир Св. Андреа – Матка
Манастир Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка
Манастир Св. Наум – Охрид
Манастир Св. Јован Бигорски – Дебарско
Лесновски Манастир – Пробиштип
Додади коментар