Животен стил, Убав дом

Мала креативност за големи декорации

11 март, 07:26

Убав и пријатен дом не значи простор уреден по најнова мода, скапи парчиња мебел и украси, богати завеси и прекривки.

Топлината на домот доаѓа од љубовта која ја внеле оние кои живеат во него, од ситниците направени со труд и креативност, од сите оние мали нешта кои си нашле свое место во просторот и кои толку многу ви значат.

Понекогаш, навидум сосема обичните предмети може да станат дел од вашиот дом и да внесат нова светлина и енергија.

Потребна е само идеја, креативност и малку трпение за да добиете нови украси или практични предмети.

Зошто воопшто би ги правеле?

Ако погледот на нив секој ден ви мами насмевка, вреди целото време и труд за изработка на овие интересни креативни декорации.

Простирка за пред врата – самиот поглед на оваа необична простирка буди насмевка, а оној кој е пред вашата врата ќе ја почувствува вашата гостопримливост. Старите дрвени штички може да се претворат во нешто навистина убаво, но и корисно.

За вредните ученици, но и за сите оние кои сакаат работната маса да им зрачи со позитивна енергија и да се чувствуваат убаво додека работат, оваа интересна вазна или кутија за пенкала е одличен избор. Сè што ви е потребно е стара лименка, тегла, лепило или силикон и моливи.  И секако, трпение и љубов!

Моливите може да ги употребите и за обложување на старото огледало кое веднаш ќе добие модерен изглед.

Кој може да одолее на овие слатки подметачи? Повторно малку силикон или лепило, поцврста ткаенина, камчиња и резултатот ќе биде фантастичен подметач кој ќе ја разубави трпезата.

За сите оние кои знаат да плетат оваа идеја е вистински погодок. Направете навлаки за старите перничиња и веднаш добивате нови, интересни додатоци во домот.

Необични свечњаци – овие мали тикви изгледаат навистина прекрасно во улога на свечњаци. Доколку имате двор, можете да направите вакви свечњаци од големите тикви. Малку израмнете го горниот дел на тиквите и ставете поголеми свеќи. Бидете креативни, поставете ги во дворот за семејните слави и дочекајте ги пријателите со необични светилки кои секого ќе израдуваат.

Малите свеќи може да ги ставите во школки и повторно да добиете украсни свеќички кои може да се постават на трпезата.

И дворот е дел од вашиот дом. Необичните куќички за птици се направени од канти за боја украсени со лепливи траки. За крилата може да користите жица и стари хулахопки.

Старата книга чии страници се искинале и не може да се чита претворете ја во саксија за цвеќе. Издлабете дел од книгата и во длабнатината ставете го цвеќето засадено во саксија. Необичната саксија одлично се вклопува во домот, делува интересно и креативно.

Разгледајте низ вашиот дом, сигурно ќе дојдете до многу други идеи како да направите нешто корисно, или едноставно украсно.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7862 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус