Мали кујнски совети

Непријатната миризба при готвење

06 април, 00:03

Миризбата од јадењето после готвење, особено ако сте готвеле кромид, многу долго се задржува во домот. Без разлика дали имате вентилација или аспиратор во кујната, миризбата од кромидот се впива насекаде во домот, во завесите, прекривачите, гарнитурата едноставно секаде.

За да ја спречите оваа непосакувана појава веднаш после готвењето во сад на оган ставете да се вари комбинација од 50 мл. киселина и 200 мл. вода. Откако течноста ќе зоврие намалете ја температурата и ставете целата течност да испари од садот. Пареата од течноста ќе ја отстрани миризбата од домот. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2778 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус