Мали нешта кои ќе ви го разубават работното место

08 јули, 00:28

Канцеларијата е место каде поминувате голем дел од денот. Без оглед на тоа што работите, дали канцеларијата е голема или мала, дали ја делите со колеги или не, таа треба да биде пријатно катче каде ќе се чувствувате убаво и опуштено, дури и во моментите кога имате премногу работа.

Иако не можете да преземете ништо околу мебелот и изгледот на работното место, некои ситници може да направат вистински чуда.

Уште со првото, утринско влегување во канцеларија, погледот на некои предмети може да ви пробуди насмевка, а тоа е одличен почеток на денот.
Подарете си себеси малечок украс – слонче и ставете го на работното биро. Слончето симболизира среќа и успех, а погледот на него секој ден ќе ве асоцира на нешто позитивно и убаво.

Бирото разубавете го со слики од најмилите и со некои ситници кои ви причинуваат задоволство.

Доколку работите на компјутер, во канцеларијата мора да имате цвеќе кое ќе го собира штетното зрачење. Најдобро е да го ставите до компјутерот, а може да изберете меѓу бамбус и спатифилум, и двете изгледаат убаво и ќе ѝ дадат посебна свежина на канцеларијата.

Празниците се одлична можност да го разубавите вашето работно место. Не пропуштајте да ја украсите канцеларијата за Божиќните и Велигденските празници, доволни се само неколку мали детаљи кои ќе ве расположат и ќе ја разбијат монотонијата на просторот.

Малите нешта значат многу, влијаат позитивно на нашето расположение, мотивираат, разубавуваат.

Бидете оригинални, разубавете го работното место по ваш вкус, за секој работен ден да ви започне со насмевка.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1645 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус