Убава наша, Репортажи

Манастир Зрзе

23 јуни, 00:01

Кога ќе го започнете патувањето низ микрорегионот Зрзе вие не сте само намерник кој бара да здивне од градската врева, туку станувате сведок на историското и вонисториското време. Патникот низ оваа чудесна траса, омеѓан од бескрајот на небото и од богатството на природата, со посредство на непосредните факти, ја има слободата и одговорноста да ја потврди историската нарација на духовните слоеви, но и да го почувствува оживеано преданието на древната монашка заедница преку подвигот на оние кои и денес го одржуваат огнот на манастирскиот живот. Билките, инсектите, птиците со својот молк ве вовлекуваат во пејсаж кој го паметат како долг кон различието на историските ветришта што го распрашиле семето на лековитата жалфија, на чудотворно миризливата мајчина душичка, на величенствените јастреби.

Во таквиот пејсаж ве пресретнува патеката која ве води низ доцноантичкиот период, ранохристијанската базилика од 5-ти век, монашката населба од 9-ти век, до делата на зрзеските иконописци, митрополитот Јован и еромонахот Макариј, "зрзескиот Христос" и "чудотворната" икона на Богородица. Под падините на Даутица трае и се развива монашкиот подвиг на братството кое денес вредно иконописува создавајќи наследство за идните генерации.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 9858 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус