Убава наша

Манастирот Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане

10 април, 06:42

Манастирот Св. Ѓорѓи кој се наоѓа во селото Старо Нагоричане, во близина на Градот Куманово, го реконструирал познатиот српски крал Стефан Милутин во периодот помеѓу 1313 и 1318 година.

Овој манастир е многу важен за локалните жители, а и пошироко, бидејќи се смета дека е единствено христијанско наследство кое зборува за богатото духовно минато на Македонија назад низ историјата.

Самиот манастир, кој за жителите на Старо Нагоричане е свето место, е сведок за градителската уметност која се развивала на овие простори во минатото. 
Имено, манастирот Св. Ѓорѓи е изграден врз темелите на рушевина која датира од многу порано, а она што е најинтересно е дека фреските кои и ден денес се многу добро зачувани, биле обоени со т.н. византиска плава боја, која за тој период била екстремно скапа. Колку за споредба, 1 кг. таква византиска плава боја чинела колку 1кг. злато. 

Прашање е како таа толку скапа боја била набавувана во период кога владеела сиромаштија? 

Одговорот се претпоставува дека е поврзан со мегалитската опсерваторија Кокино која се наоѓа во непосредна близина на манастирот, но сепак, која била врската помеѓу нив уште со сигурност не е научно докажано.   

Како и да е, важно е дека мирот и тишината кои се чувствуваат во душата при посетата на манастирот не се опишуваат со зборови, треба само да се доживеат. Во овој дел од нашата земја сегашноста многу добро се испреплетила со минатото и со историјата, а посетата на манастирот има моќ да враќа назад во минатото со векови и векови.

Овој манастир и уште многу други слични на него, уште еднаш докажуваат дека оваа наша исконска и библиска земја во својата утроба крие безброј историски и духовни богатства кои сведочат за нашето богато историско минато. На нас останува само да се грижиме за нив бидејќи тие се нашето минато, нашата историја, нашиот белег и идентитет.

Манастирот Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане, Manastirot Sv. Gjorgji vo selo Staro Nagoricane

Манастирот Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане1, Manastirot Sv. Gjorgji vo selo Staro Nagoricane1

Манастирот Св. Ѓорѓи во село Старо Нагоричане2, Manastirot Sv. Gjorgji vo selo Staro Nagoricane2

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6511 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус