Убава наша, Репортажи

Манастирот „Свети Јован Бигорски”

09 мај, 12:12

Далеку од градската врева, високо во недопрените планински убавини, во прегратките на националниот пак Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител.

 

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Овој надалеку познат македонски православен манастир бил изграден во 11 –от век, во 1020 година, врз остатоците на стара света црква која некогаш била разрушена. 
Во 16 - от век Турците го оштетиле и разрушиле манастирот, а подоцна, во 1743 година, монархот Иларион повторно го обновил, со што изградил неколку монашки ќелии. 
На почетокот на 19 - от век со многубројни донации и со помош на игуменот Арсениј манастирот бил проширен и доизграден и бил ставен во употреба и во служба на оние кои духовно сакале да се поврзат со Господ Исус Христос.

Најпрепознатливото нешто според кое манастирот е познат во светски рамки е иконостасот во самиот манастир, кој датира уште од 1830 година и е дело на Петре Филиповски Гарката кој потекнувал од село Гари.

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Но, во изработката на иконостасот учествувале и други познати резбари кои потекнувале од Мијачката и Дебарската школа и кои го направиле овој иконостас, кој бил работен цели шест години,  да биде еден од најубавите на целиот Балкан. 

Според она што на него е изрежано и изработено со голема љубов и трпение, овој иконостас е единствен во светот.

Покрај резбите на светиот Јован Крстител и останатите светци, иконостасот е обогатен со многубројни резби на животни и птици кои многу успешно се испреплетени со орнаменти на винова лоза, цвеќиња, ружи и многу други обележја карактеристични за работата на мијачките и дебарските резбари.

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Иконостасот се смета за една од највредните резби на територијата на нашата земја и е многу добро сочуван.

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, поради неговиот единствен и неповторлив изглед и местото на кое е изграден, многу често е споредуван со манастирите кои се изградени високо на карпите во Света Гора, во Грција. 

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Бидејќи е посветен на светиот Јован Крстител, иконите кои за него се насликани во манастирот се верува дека имаат исцелителна моќ, па затоа секојдневно се посетувани од голем број на верници кои се надеваат дека нивните молитви и молби ќе бидат слушнати и исполнети.

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат светите мошти на Свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импозантна збирка на рачно пишувани ракописи кои се чувале низ вековите. 

Во манастирскиот комплекс се наоѓаат неколку чешми од кои тече чиста планинска и ладна вода, а низ една од тие чешми се смета дека тече и лековита вода. 

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Исто така во комплексот има поголем број на конаци во кои се сместуваат верниците кои имаат некаква потреба за духовно напредување, ослободување од напнатости, грижи и проблеми, и кои сакаат да се запознаат и на своја кожа да ги почувствуваат мирот, тишината и спокојот, кои само тука и само на ова место се присутни.  

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski

Доколку сѐ уште не го имате посетено овој манастирски комплекс, ви препорачуваме тоа да го направите во најскоро време, посебно во овој дел од годината, кога сѐ околу манастирот е раззеленето и обоено со боите и мирисите на пролетта. <

Богатствата на природата само ја надополнуваат сликата и уште посилно ќе ве натераат да ја почувствувате неповторливата импозантна големина на манастирот „Свети Јован Бигорски”, која силно ќе се врежи во вашите мисли и сеќавања, бидејќи само тука ќе можете да почувствувате духовен мир кој полека се шири и го обзема целото тело и душа и ќе ве натера повторно и повторно да го посетите овој мал рај на земјата. 

Манастирот „Свети Јован Бигорски”, Manastirot Sveti Jovan Bigorski


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11839 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус