Животен стил, Кујна, Рецепти
Медено срце – посен колач
21 ноември, 06:40
Колачот се подготвува многу брзо и потсетува на добрите вкусни медени срца. Тестото е малку стегнато, не е ровко како кај другите колачи, но вкусот е навистина интересен.
Состојки:
2 шолји брашно
1 шолја шеќер
1 шолја вода
1 пакетче цимет
1 лажиче сода бикарбона
неколку лажици мармалад или мед
чоколадо за готвење
Подготовка:
Сите состојки убаво се мешаат со дрвена лажица додека се добие хомогена смеса без грутчиња.
Смесата се става во тавче бр. 30, претходно намачкано со малку масло, и се остава да отстои 10 минути.
Потоа се печи околу 30 -40 минути на 180° Ц.
Испечениот и изладен колач се мачка со мармалад или мед, а по желба се потура со глазура или топено чоколадо.
Добар апетит!
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 42952 пати.
Додади коментар