Медицинска салата

01 октомври, 06:51

 

 

 

 

 

 

Состојки:
2 кг моркови
1 кг везани пиперки
1 китка магданос
2 главици лук

Подготовка:
Морковите се лупат, се варат 7 минути, се цедат и се сечкаат на тркалца или на ленти.
Везените пиперки малку се потпекуваат и тие се сечат на тркалца.
Магданосот и лукот се мијат и се сечкаат.
Во поголем длабок сад се ставаат морковите, пиперките, магданосот и лукот и убаво сé се меша.
Потоа во садот се додава солилото.

Состојки за солило:
1 лажица сол 
1 лажица шеќер 
3 мали филџанчиња бела 9% киселина 
300 мл. масло и 
2 таблети аспирин 

Повторно сѐ убаво се меша и салатата се остава да отстои 24 часа.
Потоа салатата се собира во убаво измиени и суви тегли и се става на темно и суво место.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 19691 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус