Животен стил, Кујна, Рецепти

Мешана зимска салата

19 септември, 07:23

Состојки:
3
 и 1/2 кг. зеленчук (моркови, краставички, пиперки, карфиол и зелени домати)
1 кг. зелка

Солило:
400 мл. бела киселина
125 гр. сол
150 гр. шеќер
1 кесичка винобран

 

Подготовка:
Зеленчукот убаво се чисти, се мие и се сечка на парчиња.
Вака исчистен и исечкан треба вкупно да е 4 и 1/2 килограми.
Состојките за салатата и состојките за солилото можат сразмерно да се зголемат ако се прави поголема количина салата.
Во поголемо тенџере се става зеленчукот, убаво се меша и му се додава солилото, претходно убаво измешано, за да се стопи солта и шеќерот.

Смесата од зеленчук и солило убаво се меша и се остава да отстои 24 часа со повремено мешање.
После 24 часа се бери во тегли. Зеленчукот треба да е убаво притиснат  во теглите и одозгора се става од течноста (солилото) што ќе остани во тенџерето.
Теглите убаво се затвораат и се ставаат на темно и ладно место.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5866 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус