Милка торта со мак

19 јануари, 00:59

 

 

 

 

 

 

Состојки за бисквит со мак:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр мелен мак
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица рум
  • прашок за пециво

 

Состојки за белиот бисквит:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици бело брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица рум
  • прашок за пециво

 

Состојки за кремата:

  • 700 мл млеко
  • 200 гр бела Милка
  • 100 гр шеќер
  • 9 жолчки
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 150 мл слатка павлака
  • 1 лажица желатин

 

Подготовка на бисквит:

Се матат белките и шеќерот, додека да се добие пенеста смеса, по што се додаваат мак, брашно и пециво. Откако убаво ќе ги измешате додадете го и румот и повторно убаво промешајте. Сместата се пече во плек со дименизии 20х30 см на 150 целзиусови степени.

Иста е постапката за подготовка и на другите кори.

 

Подготовка на крема:

Во млекто се растопува белата чоколада Милка, по што се додаваат, шеќерот, изматените жолчки, пудингот од ванила и брашното. Смесата се вари додека да се згусти.

Во посебен сад цврсто се мати слатката павлака по што се додава во изладената крема во која претходно убаво сте го измешале желатинот.

 

Најпрво се става бисквитот со мак, потоа ред фил, па белиот бисквит, ред фил, бисквит со мак и повторно тенок слој од кремата. Се украсува со зрна мак.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5433 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус