Мисли

Големите мудрости на Далај Лама

17 јуни, 00:05

Одвреме – навреме се раѓаат луѓе кои ја разбираат вистинската причина поради која сме дошле на овој свет.
Луѓе кои се издвојуваат од другите, пленат со својата едноставност и зрачат со својата духовност.

Токму тие луѓе се духовните татковци на светот во кој живееме, а нивната мудрост е водилка кон подобро утре за сите нас.

Ова се дел од големите мудрости на Далај Лама, духовниот учител кој ќе ви покаже какви сме, а какви треба да бидеме.

Внесете дел од неговата мудрост во вашиот живот. Секоја позитивна промена кај вас е еден чекор понапред кон подобар свет за сите нас.

„Запомни, понекогаш тишината е најдобриот одговор”.

„Мојата религија е многу едноставна. Мојата религија е добрината”.

„Во нашата борба за слобода, вистината е единственото оружје кое го поседуваме”.

„Со насилство можеби ќе „решиш” еден проблем, но ќе посееш семе на друг”.

„На Планетата не и требаат успешни луѓе. Очајно ѝ требаат миротворци, исцелители и обновувачи од сите видови”.

„Имаме големи куќи, но мали семејства.
Повеќе удобности, но помалку време.
Повеќе знаење, но помалку расудување.
Повеќе експерти, но и повеќе проблеми.
Повеќе лекови, но помалку здравје.
Отидовме до Месечината и назад,
а имаме проблем да ја преминеме улицата за да се запознаеме со новиот сосед.
Направивме компјутери кои содржат информации и копии повеќе од кога и да било, но имаме сè помалку комуникација.
Ова се времиња на брза храна, но бавна дигестија, високи луѓе, но ниски карактери.
Времиња кога има многу нешта на прозорецот, но нема ништо во собата”.

Се надевам овие едноставни, а толку моќни зборови ќе ве поттикнат добрината да стане ваша религија, а „собата” да ви биде секогаш полна со вистинските вредности.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4158 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус