Мистерии

4 докази дека Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав

26 јуни, 06:51

Мистеријата на Египет скриена во пирамидите и Сфингата се чини дека никогаш нема да биде целосно разрешена.

Древните египетски градби се постојан предизвик за научниците кои при своите истражувања секогаш наидуваат на нови откритија и делчиња од мозаикот на мистеријата.

Една од загатките пред која се најдоа група истражувачи е поврзана со Сфингата, величествената градба со тело на лав и глава на човек.

Теоријата која ја поставија овие научници е можноста дека главата на Сфингата во минатото имала друг облик, поточно глава на лав, а не глава на човек. Многу подоцна, од досега непознати причини, првобитната глава била заменета со онаа која постои и денес.

Како научниците ја поткрепуваат оваа теорија?

Набљудувајќи ја Сфингата, не може а да не се запрашате зошто постои таква несразмерност во големината на телото и главата. Главата на Сфингата е премногу мала за масивното тело, а Египјаните биле такви мајстори за пропорции и работа со камен, што се исклучува можноста дека малата глава е резултат на грешка.

Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав, египет, пирамиди, гиза, мистерии, фараони, рамзез, egipet, faraoni, piramidi, giza, sfinga, misterii

Вториот доказ за теоријата е самиот камен од кој е направена Сфингата. Високо издигната глава би требало да е пооштетена од телото, бидејќи е повеќе изложена на ветер и сонце, но нема сомнеж дека камената глава е далеку позачувана од телото на Сфингата.

Научниците се враќаат назад низ историјата, во времето на изградбата на Сфингата, кога лавот бил најценето животно, еден од најважните симболи кој се среќавал насекаде, дури и кај троновите и креветите на фараоните.

Дали и Сфингата првобитно имала тело на лав?

Колин Ридер, еден од носителите на теоријата и истакнат проучувач на древниот Египет, пронашол интересен цртеж на лав изгравиран на голем камен. Цртежот датира од времето пред изградбата на пирамидите, всушност од времето на Сфингата, бидејќи добро е познато дека таа е постара од пирамидите.
На каменот било изгравирано и име на фараон, со што уште еднаш се потврдува силната симболика и значењето на лавот за Египјаните.

Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав, египет, пирамиди, гиза, мистерии, фараони, рамзез, egipet, faraoni, piramidi, giza, sfinga, misterii

Споредувајќи го цртежот со Сфингата, Ридер укажува на неверојатната сличност, со една разлика – главата.

Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав, египет, пирамиди, гиза, мистерии, фараони, рамзез, egipet, faraoni, piramidi, giza, sfinga, misterii

Во обид да ја докаже својата теорија, Ридер нè води до музејот во Каиро каде се наоѓа најстарата статуа на Сфинга пронајдена досега.

Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав, египет, пирамиди, гиза, мистерии, фараони, рамзез, egipet, faraoni, piramidi, giza, sfinga, misterii

На оваа статуа јасно се гледа дека некогаш имало камени делови во облик на уши, кои од некоја причина подоцна биле отстранети. Оштетувања има и во делот на вратот, со што се потврдува мислењето дека првобитната глава на лав била изменета за да добие човечки облик.

Египетската Сфинга првобитно имала глава на лав, египет, пирамиди, гиза, мистерии, фараони, рамзез, egipet, faraoni, piramidi, giza, sfinga, misterii

Доколку теоријата на Ридер е точна, не може а да не се запрашаме зошто Египјаните би вложиле толку труд и време за да ги заменат првобитните глави на сите статуи на Сфинги.

Која и да е вистината за првобитниот изглед на Сфингата, нејзино постоење е мистерија сама за себе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5380 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус