Мистерии

Изгубени и исчезнати градови низ историјата 1 дел

27 јануари, 00:11

Некои од најголемите чуда на стариот свет сé уште се наоѓаат  закопани некаде под почвата на која чекориме, недоволно истражени и неоткриени. 
Многу легендарни места кои исчезнале пред милиони години, сé уште не се откриени.

Како што ништо не е вечно, така и некои градови, најчесто поради војни, поплави, природни непогоди, поради космички интервенции на космосот, или едноставно поради „истрошеност”, за жал, исчезнале. 

Изгубените градови биле вистински, просперитетни, добро населени подрачја со развиени цивилизации, кои подоцна, поради за сега непознати причини, засекогаш исчезнале од површината и ликот на земјата. 

Научниците и археолозите во потрага на пронаоѓање докази за постоењето на некој град, за постоењето на живот на одредено место на планетата земја, несебично внесуваат дел од својот живот. 

Но иако историјата има дојдено до значајни откритија кои сведочат за постоењето на овие исчезнати градови, сé уште многу добро завиени во мистична и до сега неоткриена тајна се деловите од магијата, кои овие градови ја носеле и криеле во себе. Нешто од тоа сигурно ќе биде откриено и пронајдено, но дел од таа мистичност ќе остане засекогаш сокриена и не дообјаснета. 

Можеби изгледа неверојатно како може еден град да исчезне од површината на земјата, но токму тоа им се има случено на овие градови.

Помпеј во Италија

Градот Помпеј кој претставувал културен центар и одморалиште за високите римски друштва, бил уништен кога еруптирал вулканот Везуф. Целиот град бил прекриен со скоро 6 метри дебел слој пепел и лава и цели 1700 години бил скриен и непознат. Во 1748 година научниците случајно го откриле и пронашле предмети кои зборуваат за постоењето на овој некогашен, важен римски град. Денес, рушевините и сé она малку што е останато од овој моќен римски град, претставува вистинска атракција за туристите кои ја посетуваат Италија.


Троја

Иако долго време се мислело дека градот Троја е само мит, исто како и Атлантида, опишан во Хомеровата Илијада,  во 1871 година се докажало спротивното. Самоукиот истражувач Шлиман открил многубројни остатоци, ликови и фигури кои биле идентични како оние кои ги опишувал Хомер. Исто така Шлиман открил и златен накит за кој се верува дека и припаѓал на Елена. Градот Троја според Хомер се наоѓал во Мала Азија, а денес се наоѓа во северозападниот дел на Турција, во близина на морскиот брег, југозападно од Дарданели, под планината Идом. Остатоците од овој многу значаен историски град се посетувани од огромен број на туристи.   


Петра

Градот Петра кој денес са наоѓа на планината Хор во Јордан, своевремено бил главен град на арапското кралство Набатеј и бил многу познат центар за трговија.
Бил изграден многу години пред кралството да завладее со него и пред да го претвори во центар за разменување на свила и зачини кои ја поврзувале Кина, Индија и Јужна Арабија со Египет. Градот е познат по тунелите за вода и камените структури изработени во самите карпи. Изобилувал со чиста и бистра вода и поради местоположбата до него се стигнувало само низ некој многу тесен процеп, поради што бил многу тешко да се нападни или освои. Се смета дека силен земјотрес кој се случил во 363 година, во потполност ги уништил виталните водоводни функции и многу голем број на градби во градот, поради што бил уништен и напуштен. Бил заборавен сé до 1812 година, кога швајцарскиот истражувач Џон Вилијам Бургон повторно го открил.
Денес, остатоците од овој град се ставени во листата на UNESCO за заштита на културно и историско наследство и Петра е еден од најпосетуваните стари градови воопшто.

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4449 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус