Мистерии

Изгубени и исчезнати градови низ историјата 3 дел

15 јуни, 07:48

Со запознавањето на уште три исчезнати градови, во овој трет дел ќе го заокружиме циклусот на објави кои беа посветени на исчезнатите градови низ историјата и времето.
Вакви слични градови има уште многу, не се само оние кои тука се спомнати, но ви ги прикажавме оние кои оставиле најголем печат врз времето кое поминало.

Сите градови, рушевини и остатоци назад низ историјата, биле, се и ќе останат засекогаш многу важни историски споменици кои немо ќе сведочат за постоењето на одредени цивилизации на одредени места.   

Картагина

Картагина бил антички град кој се наоѓал во северниот дел од Африка.
Градот го основале трговци, па го уништиле Римјани со цел да се обнови како римски град, кој пак подоцна го уништиле Арапи.
Поради важноста и богатството кои ги имал градот, Картагина бил нарекуван уште и „скапоцен камен на Медитеранот”. 
Околу Картагина било изградено и истоимено царство кое било најважна медитеранска поморска сила и кое го имало најнапредното и најусовршеното пристаниште за тоа време.
После трите Пунски војни, во 149 година пред новата ера, Картагина била победена и поробена. Картагинците биле продавани како робови, градот бил уништен и разрушен, а почвата била изорана и посипана со морска сол за да не успева никаква вегетација во скора иднина.
Во втората половина на 20 век биле откриени остатоците од некогашната моќна Картагина кои денес се многу позната туристичка атракција.

 

Вавилон

Историски многу важниот град  Вавилон бил антички град кој се наоѓал во Месопотамија, во близина на Ирак. Бил главен град на целото Вавилонско царство и неговото име значело божја врата. Населението живеело во  Вавилон во 2500 година пред раѓањето на Христос, а 500 години подоцна, градот прераснал во најголемиот центар кој тогаш постоел во Месопотамија.  
Вавилон бил град кој од година во година се зголемувал, се зголемувал бројот на жителите, се зголемувал обемот на градот, градот се развивал во изобилие и раскош, напредувал во секој поглед, и економски и финансиски.
Но околните држави кои биле љубоморни на брзиот и силен развој на  Вавилон, како Асирија, го нападнале и го уништиле градот.
Потоа, низ историјата, градот бил нападнат уште еднаш после смртта на Александар Велики и денес од него се останати само рушевини и остатоци.
Само најхрабрите туристи се осудуваат да го посетат овој некогаш моќен и значаен град, бидејќи остатоците од него се наоѓаат на 85 км. од Багдад, во тешко прооден терен.


Теотиукан

Во вториот век пред Христос се појавила нова цивилизација која била сместена во долината на Мексико. Оваа цивилизација се смета дека е причината подари која настанал градот Теотиукан. 
Градот бил врвен културен центар кој имал многу голема моќ и броел околу 150.000 жители. 
Во Теотиукан се наоѓала пирамидата која е посветена на Сонцето, како и многу други пирамиди кои биле едни од најголемите на Американското тло за тоа време.
Исчезнувањето на градот се поврзува со сушата која била предизвикана од големите климатски промени кои настанале во шестиот век од новата ера.
700 години подоцна Ацтеките ги откриле рушевините и остатоците од Теотиукан и тоа место станало свето за нив и тие оделе во него на аџилак.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3130 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус