Мистерии

Мистеријата на „Цветот на животот”

18 април, 06:29

„Цветот на животот” е древен симбол кој се состои од кругови со ист дијаметар, а секој круг е на периферијата на 6 други кругови.

Најстарите записи и цртежи за Цветот на животот се пронајдени во храмот на Озирис во Египет, како и во палатата на асирскиот крал Ашурбанипал, и датираат од 535, односно 645 година п.н.е.

 

 

Во што се крие мистеријата на Цветот?

Цветот на животот содржи скриени симболи преку кои може да се откријат најважните шеми во универзумот. Цветот содржи 13 системи, а секој систем објаснува еден аспект на реалноста. Во првиот систем се крие тајната како да се создаде било која молекуларна и било која клеточна структура која постои во универзумот.

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија

Цветот на животот се смета за дел од Светата геометрија – систем на модели на постоењето кои можат да дадат одговор на многу научни, филозофски, психолошки и мистични законитости на универзумот.

Проучувачите на древниот Цвет на животот, овој мистичен цртеж го сметаат за религиозен симбол кој ги содржи основните облици на просторот и времето.

Ако цртежот се постави врз планетата Земја во вид на решетка, почнувајќи од кругот од камени фигури Стонхенџ кој се смета за центар на цветот, тогаш  дијаметарот на еден од круговите поминува точно по средината на капелата познатата по Линијата на Розата.
Сите свети места на Планетата, сите древни локалитети лежат на линиите од Цветот и се поврзани меѓусебно.

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија, стонхеџ
Стонхенџ - центарот на првиот круг од цветот

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија
Линиите на Цветот ги поврзуват светите места на Земјата

Цветот крие многу древни симболи од областа на алхемијата, како и букви од древните азбуки.

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија, симболи, simboli

Интересно е што се спомнува во сите религии, го има насекаде низ светот, на статуи, во цркви и храмови, а самата шема се среќава дури и меѓу живиот свет.

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија

cvet na zivotot, misterija, цвет на животот, мистерија
Сончогледот ја содржи шемата на Цветот на животот

Кој го создал овој необичен симбол, какви сè тајни крие во себе и зошто го има насекаде низ светот?

Можеби времето ќе даде одговор на многуте прашања. Засега, мистеријата продолжува.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6533 пати.

Коментари [1]

Владимир

Ако го има во природата, тогаш го создала природата, а човекот само го копирал :-)

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус