Мистерии

Мистериозниот Стоунхенџ

02 август, 01:04

Мистеријата за огромните камења кои се наредени во круг и ден денес е неразрешена.
Многу научници, археолози и истражувачи не можат да најдат одговор на прашањето зошто бил изграден Стоунхенџ.
Долгогодишните ископувања, истражувања и проучувања до сега дале седум можни теории кои би можеле да бидат одговор на прашањето зошто бил изграден Стоунхенџ и што е тоа што се крие зад оваа древна градба.
Секоја од седумте теории дава некакво објаснување, но дали некое од нив е вистинито или не, сѐ уште со сигурност не можеме да знаеме.
Како и да е, во продолжение ви предлагам да ги прочитате теориите, па можеби самите ќе си донесете некаков заклучок за оваа мистериозна градба, зошто била изградена, кои ја изградиле, како ја изградиле и за каква цел.

1. Свето ловиште
Една од можните теории објаснува дека Стоунхенџ бил изграден со цел да се слави ловот и ловењето. Пределот околу Стоунхенџ во минатото бил ловен центар, за што постојат и археолошки докази.
Местото околу Стоунхенџ било населено со луѓе кои живееле пред 3.000 години, но самиот мистериозен локалитет е докажано дека датира пред околу 8.500 и 10.000 години, така да оваа теорија сѐ уште останува како не доволно објаснета.

 2. Споменик на единството
Друга интересна теорија е дека Стоунхенџ бил изграден во чест на славењето на мирот и единството помеѓу народите. Во периодот кога најмногу се градело, некаде помеѓу 3.000 и 2.500 година пред Христос, сите различни светски култури како никогаш до тогаш биле соединети, па се претпоставува дека токму за таа обединетост е подигнат овој споменик.

3. Астрономски календар
Голем број луѓе и денес веруваат дека Стоунхенџ во минатото бил астрономски календар. Археолошките испитувања и докази објаснуваат дека античките народи на Стоунхенџ ја славеле зимската рамноденица, па така во таа чест, во текот на декември и јануари колеле свињи на ова место.
Локалитетот е изграден така да во текот на летната рамноденица од него се гледа изгрејсонцето и токму во тој период голем број туристи го посетуваат локалитетот за да бидат сведоци на оваа природна појава.

4. Звучна изолација
Постои легенда која раскажува за гајдари кои на ова место носеле девојки кои ги претворале во камења, кои и ден денес се наоѓаат таму. Дали легендата е вистините или не, не знаеме, но она што со сигурност се знае е тоа дека ова место има неверојатна акустика.
Исто така Американското здружение за напредок на науката во 2012 година во својот извештај забележало дека камените мегалити можат да го зголемат природното уништување на звукот кој се јавува на локалитетот, а камените блокови селективно можат да го блокираат звукот, па така звукот на двајца гајдари кои би свиреле во полето во близина на Стоунхенџ, кога ќе се најдат на одредени точки би се изгубил.

5. Елитни гробови
Мистериозниот споменик можеби некогаш било место за последна почивка на елитата, објаснува една од теориите. Илјада фрагменти од коски од најмалку 63 личности се пронајдени во археолошко ископување на ова подрачје, а бројот на пронајдените коски од мажи, жени и деца е пропорционален.
Остатоците датираат некаде од 3.000 години пред Христос, а археолозите исто така пронашле и кутии за мириси - предмети кои обично ѝм припаѓале на елитата во тоа време.

6. Огромно ѕвоно
Поддржувачите на оваа теорија веруваат дека Стоунхенџ бил изграден за да служи како примитивен облик на комуникација, затоа што камењата произведуваат уникатен и различен звук, кој е сличен на оној кој се добива од дрвени или метални ѕвона и кој се слуша од многу голема далечина.
Исто така се претпоставува дека Стоунхенџ се користел и како ѕвоно како оние кои денес се користат во црквите.

7. Место за лечење
За големиот број скелети кои се закопани покрај Стоунхенџ докажано е дека на себе имале траги од болести или повреди, па затоа научниците претпоставиле дека на овој локалитет некогаш доаѓале луѓе кои сакале да бидат излечени.
Исто така во прилог на оваа теорија е и податокот дека многу од камењата низ вековите биле оштетени, односно луѓето кои од тука поминувале сакале да имаат дел од камењата со себе, кои најверојатно им служел како амајлија.

Без разлика на тоа која од теориите е вистинита и понатаму останува не одговорено прашањето како било изградено едно вакво огромно здание, како огромните мегалитски камени блокови биле носени на ова место и како биле поставени во облик кој и до ден денес е ист и непроменет?


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2209 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус