Мистерии
Мистериозните карпи во Русија
„Седумте јунаци” или како што уште се нарекуваат „Манпупунер” претставуваат високи камени зданија со неправилен облик и форма кои се наоѓаат во Русија, скриени во северниот дел на планината Урал.
Мистериозните масивни камени зданија се високи од 30 до 42 метри и до сега се уште ја немаат привлечено светската јавност, поради што и многу малку се знае за нив.
Никој од жителите кои живее во близина на овие мистериозни камени масиви не знае ниту зошто, ниту кога и ниту како се изградени или настанати овие зданија. Никој не знае од кога датираат, ниту кој ги изградил, поради што мистеријата околу нив се обвива како аура која привлекува сѐ поголем број туристи кои сакаат да откриваат непознати и мистериозни работи, како што всушност се и овие „Седум јунаци”.
Русите кон нив се однесуваат со почит и воодушевување бидејќи веруваат дека тие се остатоци од некоја поранешна цивилизација која живеела на овие простори, но дали е тоа така никој не може да ни открие.
Постои верување во кое се раскажува дека при посетата на камените масиви кај посетителите исчезнуваат сите желби кои тие претходно ги имале, а друго верување раскажува за антички духови кои на ова место се собирале во античко време.
Што е точно од верувањата не се знае, но она што со сигурност се знае е тоа дека невозможно е човек да се искачи на „Седумте јунаци” бидејќи текстурата, составот и формата не го дозволуваат тоа. Дали тоа е така направено со некаква цел останува да биде неразјаснета мистерија, сѐ додека некој посериозно не почне да ги проучува овие огромни, мистериозни камени зданија.
Додади коментар