Мистерии

Најголемите неразрешени мистерии

16 септември, 06:17

Постојаниот напредок на науката и техниката секојдневно води кон нови откритија и разрешувања на некои од најголемите мистерии на човештвото.

Сепак, дел од мистериите и денес не може се разрешат и можеби засекогаш ќе останат необјаснети.

Некои нешта едноставно не може да се откријат и не постои никакво логично објаснување за нивното постоење. Дури ни најголемите умови на човештвото, современата техника и разните методи на истражување не успеаја да ги одгатнат мистериите кои и денес го привлекуваат вниманието на љубителите на таинственото.

Ова се дел од најголемите светски мистерии.

Железниот навој
Во 1998 година руски научници ја испитуваа областа која се наоѓа 300 км. југоисточно од Москва. Сосема случајно пронајдоа остатоци од метеорит и парче мистерии, движечки камења, вонземјани, misterii, vonzemjani, џиновикамен во кое се наоѓаше железен навој. Испитувањата покажаа дека каменот е стар околу 300 милиони години, а во тоа време не само што не постоеше интелигентен живот на Земјата, не постоеја ни диносауруси! Како е  можно дело на човечката рака, во случајот железниот навој да биде скаменет во период кога на Земјата немаше живот, најверојатно никогаш нема да дознаеме.

Камената кукла
Малата статуа на човек изработена од камен беше пронајдена во 1889 година во Ајдахо. Откриена на длабочина од 97 метри, камената кукла ја разбранува научната јавност. Испитувањата покажаа дека датира од период кога воопшто немало луѓе во тој дел од светот, а и самата длабочина од 97 метри длабока дупка само за да се закопа камена статуетка уште повеќе ја нагласи мистеријата. Научниците имаа само еден коментар на ова откритие: Едноставно е невозможно некој да ја создал оваа кукла и да ја закопал на таа длабочина, а од друга страна сосема е сигурно дека е направена рачно, токму од човечка рака.

Движечките камења
Една од најголемите мистерии на човештвото за која ни НАСА нема никакво објаснување се камењата кои сами се движат. Овие необични камења се наоѓаат во Калифорнија, во Националниот парк Долина на смртта. Камењата сами се поместуваат оставајќи јасно видлива трага по дното на исушеното езеро. Иако никој не успеал да го улови моментот на движење, останува фактот дека камењата се движат, а нема никакви знаци и докази дека ги придвижува човек или животно.

мистерии, движечки камења, вонземјани, misterii, vonzemjani, џинови

Џинот од Ирска мистерии, движечки камења, вонземјани, misterii, vonzemjani, џинови
При ископувања во еден рудник во Ирска, во 1885 година беше откопан фосил од човек, вистински џин висок преку 3.6 метри, со шест прсти на десното стапало. Откритието ја потсети јавноста на извадок од Библијата каде се вели: „Имаше битка во Гат, и таму беше човек со голема висина, со шест прсти на рацете и шест прсти на нозете, 24 на број, и тој беше од родот на џиновите”.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3230 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус