Мистерии

Откриени 8 милиони мумии на кучиња

22 април, 09:55

Неодамнешните ископувања направени во Египет открија зачудувачки податоци. Во огромен број на гробници, покрај мумифицираните тела на луѓе и богови, откриени и ископани се мумии од скоро 8 милиони кучиња.

Се наметнува прашањето зошто се мумифицирале и одредени животни?

Катакомбите каде се пронајдени мумиите, прв пат биле откриени во 1897 година. 

Студиите и проучувањата кои египтолозите ги направиле врз животинските мумии, укажуваат на фактот дека веднаш по раѓањето, одредени видови кучешки раси, мачки и други животни биле закопувани.
Овие закопувања се верува дека се поврзани со култот кој Египјаните го имале кон нивниот бог Анубис и претставуваат еден вид на жртва која ја принесувале во негова чест.

Професорот Salima Ikram, кој е лидер во областа на египетските ископувања, кажува дека како што ние сега палиме свеќа и се молиме во црква, а преку пламенот од свеќата нашата молитва стигнува директно до Бога, така во тоа време, духовите на кучињата кои се мумифицирале, носеле директна молитва на една личност кон задгробниот живот.

Интересно.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1290 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус