Мистерии

Која е тајната порака во делата на Да Винчи?

21 февруари, 00:18

Љубителите на мистичното сигурно ќе уживаат во проучувањето на сликите на познатиот мајстор и откривањето на пораката која ја носат.

Зошто неговите дела би чувале некоја тајна?

Бидејќи Да Винчи беше вистински гениј не само во областа на сликарството, туку и во светот на роботиката и иновацијата.

Дури 500 години по неговата смрт човештвото успеа да го направи првиот хеликоптер, изум кој може да се сретне меѓу останатите изуми на генијалниот сликар. Првиот робот кој сам се движи, маската за дишење под вода, тенкот..., сите овие пронајдоци своите корени ги имаат во записите кои Да Винчи ги оставил зад себе.


Нацрт на тенкот - изум на Да Винчи

Како можел овој уметник да измисли нешто што не ќе може да се создаде во наредните 500 години? Истражувачите одговорот го бараат во неговите ремек дела.

Сите записи на Леонардо Да Винчи биле запишани од десно на лево, па оној кој сакал да ги прочита морал да употреби огледало. Поаѓајќи од овој податок, истражувачите дошле на идеја дека и неговите слики се создадени на истиот начин, односно дека додека сликал, Да Винчи имал претстава како би изгледала сликата ако се гледа во огледало.

Кога огледалото ќе се стави на одредено место на сликата, се добива уште една слика кај која она што на првата е насликано на левата страна, кај оваа доаѓа на десната.

Кога истражувачите компјутерски ги обработиле сликите на Да Винчи со ефектот на огледало, откритието до кое дошле било и повеќе од интересно.
На некои слики обработени на ваков начин јасно се гледале ликови кои не се луѓе, односно припаѓаат на вонземска раса.

        
Со ефектот на огледало сликата се пресликува, а со преклопување по точките на пресликувањето се добива нова слика на која се гледа вонземно суштество           

        

        

Заклучокот на истражувачите е следен: Да Винчи сигурно имал контакт со вонземјани, или пак неговата интелигенција и знаење се подарок од некоја вонземна интелигентна сила, со цел да му се помогне на човештвото да оди напред.

Интересно е тоа што низ историјата еднаш на неколку стотици години се појавувале вакви гении кои со своите изуми го придвижувале човештвото. Дали е можно некоја вонземна интелигенција да ги пратила овие личности на Земјата?

Проучувајќи ја Мона Лиза и нејзината несекојдневна насмевка, истражувачите се прашуваат дали одговорот на прашањето „Дали сме сами?” се крие токму во загадочната насмевката на Мона Лиза која како да сака да ни порача дека Леонардо знаел нешто што ние не го знаеме.



Ако Мона Лиза е сепак само уште еден обичен портрет, тогаш зошто последните 16 години од животот Да Винчи ги посветил токму на оваа слика, не работејќи на ништо друго?

Некои ќе се замислат, други категорично ќе го отфрлат ефектот на огледалото како доказ, но сигурно секој од нас барем еднаш се запрашал дали постои вонземен интелигентен облик на живот или ние сме единствените жители во Сончевиот Систем, па и во Вселената.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3474 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус