Занимливост, Мистерии

Зошто бројот 1,618 е толку мистериозен?

27 јуни, 07:24

Навидум како и сите останати броеви, 1,618 крие многу тајни кои го прават мистериозен, а воедно и најпознат број на светот.

Познат и како фи, 1,618 е откриен уште од дамнешни времиња и долго време го носи епитетот Божествен број или Божествена (златна) пропорција.

 

 

Како се добива?
Направете ја позната низа на броеви на Фибоначи. Низата се формира на следниот начин: започнете со две единици, а секој нов број го добивате како збир на претходните.

1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144, 233, 377.... (1+2=3; 2+3=5; 3+5=8; 5+8=13…)

Можеби оваа низа не ви изгледа необично, но проверете што се случува ако последниот број го поделите со оној пред него? 337 поделете го со 233 или 233 поделете го со 144.

Колку и да е долга низата, секогаш го добивате бројот 1,618 или Божествената пропорција.

Во што е неговата тајна?
Многумина бројот 1,618 го сметаат за дело на Бог, негов доказ дека постои и дека токму тој е творецот на Вселената.

Оваа Божествена пропорција се среќава во многу уметнички дела, градби како Кеопсовата Пирамида, во симфониите на Моцарт, па дури и познатиот Страдивариус внимавал растојанието на отворите на виолините да биде според оваа пропорција.

Сепак, сите овие нешта се дело на човековата рака и не се никаков доказ за некаква божествена страна на бројот 1,618.

Но она што е особено интересно е појавата на овој број насекаде во природата. Сè што природата создала е подредено на оваа Божествена пропорција.


Ако го поделите бројот на женски со бројот на машки пчели во било кое улиште во светот го добивате бројот 1,618.


Плодот на сончогледот расте во спирали, дел од нив во насока на часовникот, дел во обратна насока. Колкав и да е вкупниот број на спирали, секогаш е збир од последователни броеви од низата на Фибоначи, а нивниот сооднос е секогаш 1,618!


Истото се случува и со спиралите кај ананасот и шишарките, кај сите спирални растенија, кај школките и воопшто кај сè што е создадено од природата и има спирален облик.

божествена пропорција, мистерија, 1,618, низата на Фибоначи, golden ratio
Божествената пропорција претставена како спирала

божествена пропорција, мистерија, 1,618, низата на Фибоначи, golden ratio
Растенијата создаваат спирали кои совршено се поклопуваат со Божествената пропорција


Лисјата на некои растенија се на меѓусебно растојание кое повторно е подредено на Божествената пропорција, а голем дел од цвеќињата имаат 5, 8, 13 ливчиња кои го сочинуваат цветот, броеви кои се дел од низата на Фибоначи.


Дури и човеково тело е создадено според оваа златна пропорција. Ако внимателно и точно го измерите растојанието од врвот на главата до прстите од нозете и го поделите со растојанието од папокот до прстите од нозете, треба да го добиете бројот 1,618!

Истото се случува и со растојанието од рамото до врвот на прстите поделено со растојанието од лактот до врвот на прстите.


Случајност или божествено дело, се чини дека Вселената е создадена според точно одредена пропорција, и токму во тоа се состои мистеријата и големината на бројот 1,618.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5962 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус