Убава наша, Разгледници

Митрите од манастирот Свети Георгиј

18 март, 08:53

Кога на едно место ќе се најдат духовноста, мирот и спокојот, кога вредните раце на монахињите трпеливо ќе започнат да нижат бисери и да везат срма, токму тогаш се раѓаат митрите – величествените круни на духовните отци.

Овие прекрасни епископски круни се барани ширум светот, а денес ги носат епископите во Русија, Америка, Романија...

Се изработуваат токму во нашата земја, во манастирот „Свети Георги Победоносец”, во село Рајчица, Дебарско.

Ако патот ве одведе натаму, можеби ќе имате можност одблиску да станете сведоци на раѓањето на митрите. Секоја митра се изработува со посебна молитва, се везе со златни жици и срма, потоа се украсува со бисери или кристали.

Митрите имаат облик на црква, се изработуваат во различни бои, според пригодата за која се носат. Така, за празнувањето на Богородица се носи сина митра, за Дуовден зелена, а за празнување на маченик, црвена митра.

Овие прекрасни дела на монахињите се едно од многуте сведоштва за нашата богата духовност и историја, за традицијата која се пренесува од учител на ученик, за трпеливоста и умешноста потребни да се создаде едно вакво духовно, но и уметничко дело.

Покрај митрите, со историјата на манастирот се поврзува и едно чудо – моштите на Свети Георгиј. Во минатото се чувале на Света Гора, за во 2003 да бидат донесени во манастирот. Се пренесувале во мало дрвено ковчеже и ништо необично не се случувало сè додека комбето во кое се пренесувале не се приближило до манастирот. Токму тогаш, од моштите почнала да се шири пријатна миризба, за која отецот кој ги придружувал моштите ќе рече: „Свети Георгиј си дојде дома”.

Ова е нашата Македонија преку митрите благословени со молитва, изработени со љубов, родени под закрилата на Свети Георгиј.

митри, свети георгиј, манастири, mitri, sveti georgij, manastiri, makedonija         митри, свети георгиј, манастири, mitri, sveti georgij, manastiri, makedonija

 

 

 

 

 

митри, свети георгиј, манастири, mitri, sveti georgij, manastiri, makedonija        митри, свети георгиј, манастири, mitri, sveti georgij, manastiri, makedonija

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6313 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус