Мобилни

HTC First

11 април, 06:14

Новиот HTC First кој на пазарот се појави на почетокот на април оваа година, е нешто многу повеќе од она што во моментов може да го понуди било кој мобилен телефон.

Имено, станува збор за телефон кој компанијата Facebook го избра како засега прв и единствен мобилен телефон на кој ќе работи софтверската платформа Facebook Home. 

Facebook Home не е нов телефон, не е нов оперативен систем, не е ниту нова верзија на Android оперативниот систем, тоа е нова софтверска платформа која ќе го промени начинот на кој што го користите вашиот мобилен телефон.

Новиот HTC First благодарение на платформата Facebook Home ќе ви овозможи константно и без прекин да останете во контакт со вашите Facebook пријатели, ќе имате постојан прилив на фотографии, пораки, статуси и коментари и сите ново настанати промени на Facebook ќе ги добивате навремено и во вистинско време, благодарение на можноста на телефонот сам и навремено да ја освежува вчитаната страна. 

Истовремено ќе можете да разговарате со пријателите и да користите други апликации на мобилниот телефон.

Едноставно на прв поглед ќе се вљубите во HTC First, ќе го засакате веднаш штом ќе се запознаете со неговите спецификации и карактеристики, а овие се дел од нив.

HTC First доаѓа со димензии од 126 x 65 x 8,9 милиметри и тежина од 123,9 грама; има LCD  екран на допир со големина од 4,3 "; има внатрешна вградена меморија од 16 GB и 1 GB RAM; камера од 5 MP; има оперативен систем Android v 4.1 (Jelly Bean) и dual - core процесор кој работи на 1.4 GHz; батерија Li – Po од 2000 mAh. 

За сега на пазарот е достапен во мат црна, бела, црвена и бледо сина боја.

Доколку сакате да останете во постојан контакт со вашите пријатели и да бидете секогаш присутни на социјалната мрежа Facebook навремено следејќи сѐ што се случува, кога ќе дојде на нашиот пазар набавете си го новиот HTC First и уживајте во неговите предности во однос на другите мобилни телефони.

HTC First

HTC First

HTC First

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1303 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус