Мобилни

Nokia го доби спорот против HTC One

23 април, 12:35

Основниот суд во Амстердам го разреши судскиот спор помеѓу Nokia и HTC со судска забрана за HTC One да употребува делови за микрофон од STMicroelectronics за своите мобилни телефони.

Портпаролот на Nokia изјави: „HTC One во своите рекламни материјали тврди дека главна карактеристика на нивниот HTC One е HDR микрофонот“, но инженерите на Nokia при испитувањето на HTC One открија дека овие делови се HAAC технологија, развиена специјално за употреба во производите на Nokia, а за коишто STMicro има потпишано со Nokia договор за ексклузивност.

Глобалната забрана ќе трае една година, што дополнително го одложува лансирањето на водечкиот модел HTC One, по проблемите со набавување на делови за камера.

HTC One моделот беше планиран како водечки уред што ќе ги обнови приходите на HTC, но веќе потфрли на неколку пазари поради Samsung на Јужна Кореја којашто има поголема дистрибуција.


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 2619 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус