Мобилни

Samsung Galaxy Young претставен на Конгресот во Барселона

26 февруари, 00:37

Samsung го претстави својот најнов паметен телефон, Samsung Galaxy Young, кој работи на Android 4.1.2 Jelly Bean, исто како и Samsung Galaxy Fame.

Young и Fame беа претставени на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, а имаат речиси идентичен изглед и спецификации.

Samsung Galaxy Young има 1GHz процесор и 768 MB меморија. Екранот е со резолуција од 480x320 пиксели, има 3.15 MP камера на задната страна, батеријата има моќност од 1.300mAh, исто како кај Fame, па доколку гледате видеа или играте игри ќе мора да ја полните секоја ноќ.

Samsung Galaxy Young има дебелина од 12.5 милиметри, но неговата компактност го прави релативно лесен, па тежината на овој модел е 112 грама.

Телефонот има елегантен изглед, ќе биде достапен во повеќе бои, но можностите му се навистина ограничени, па нема можност за подржување на поголем дел од апликациите кои ги нуди Android.

Истото се случува и со Fame, па иако Samsung сè уште не ја откриваат цената, двата модели сигурно ќе се продаваат по ниска цена, токму поради нивните ограничени можности.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1231 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус