Мобилни

Sharp Aquos EX SH-04E

22 јануари, 13:33

Новиот паметен телефон Sharp Aquos EX SH-04E кој е наменет за жени, го претстави јапонската мобилна индустрија.

Засега е достапен во розова, бела и црна боја, но се очекува за скоро време да биде достапен во сите бои.

Телефонот е опремен со 4,5" S-CG силиконски TFT LCD дисплеј и има можност за снимање во HD резолуција. Доаѓа со S4 Pro 1.5 GHz Quad Core процесор, заедно со 2 GB RAM меморија.

Има 13 MP камера, 16 GB внатрешна меморија и батерија за напојување од 2000 mAh.

Благодарение на вградените вистински апликации, телефонот има можност да го слика лицето на корисничката и да ѝ предложи да проба некои од козметичките препарати на Shiseido, како што се сенка за очи, кармин, сјај за уста и друго.

Токму оваа можност го прави овој паметен телефон многу баран на пазарот.

Се надеваме дека за скоро време и девојките од нашата околина ќе можат да го имаат овој несекојдневен и интересен телефон.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1132 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус