Мобилни

Vertu Ti – најлуксузниот паметен телефон

13 февруари, 11:52

Британската компанија Vertu го претстави најновиот паметен телефон Vertu Ti, последното чудо на технологијата кое работи на Android.    

Vertu Ti е луксузен паметен телефон чие куќиште е изработено од титаниум и е пет пати поцврсто од куќиштата на останатите паметни телефони, а дисплејот е збогатен со сафири.

Компанијата тврди дека сафирниот 3.7-инчен WVGA екран е четирипати поотпорен од екраните на другите паметни телефони.

Vertu Ti има 1.7GHz dual-core процесор, камера од 8 мегапиксели и 64MB внатрешна меморија.

Сопствениците на овој телефон во секој момент може да се обратат до специјалната служба која ќе им обезбеди било какви информации околу телефонот, па дури и ќе им резервира маса во ресторан.

Секој Vertu Ti е изработен рачно и потпишан од работникот кој го направил.

Паметниот телефон е достапен по цена за која може да купите и нов автомобил, па Vertu Ti ќе ве чини 14 000 фунти, или околу 16 000 евра.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1193 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус