Мода

Модни совети од дизајнерот Мајкл Корс

28 февруари, 07:36

Познатиот американски креатор Мајкл Корс, кој во светот на модата најмногу е познат по дизајнирањето на спортска облека за жени, открива неколку важни модни трикови за мажи, кои и самиот веќе подолго време ги применува.

Доколку сакате да оставите добар впечаток на околината и вашите пријатели и да важите за човек со изграден стил, следете ги овие неколку едноставни модни трикови.  

 

Црно – бела комбинација

Променете ја навиката за носење на црно – бела комбинација, односно облеката за горниот дел на телото да не е повеќе бела, туку изберете кошули, сакоа, блузи, ролки, маици и друга облека во црна боја. Спротивно на ова на долниот дел од телото почнете да носите панталони во бела или други светли бои. На ваков начин ќе го избегнете изгледот на келнери.

 

Темен тен 

Бидејќи со потемен тен на кожата се добива поздрав и повпечатлив изглед, почнете да употребувате креми за самопотемнување на кожата, но секако немојте да претерувате при изборот на боја, бидејќи ќе постигнете спротивен ефект.

 

Ролка

Ролките треба да бидат неизоставни парчиња облека во гардеробите на сите оние кои сакаат да изгледаат убаво, средено и модерно.
Со ролките се истакнува убавината на лицето, а ако не сте задоволни од изгледот на вашето лице, ролката ќе ги прикрие сите недостатоци и ќе ве направи помажествени и попривлечни за припадничките на понежниот пол.

 

Средени веѓи

Во последно време, повеќето мажи почнуваат да се грижат за изгледот на веѓите. За нивно средување потребно е да се посвети повеќе внимание, доколку се сака да се добие правилен облик. Но доколку сте во брзање и немате доволно време за да ги средите бушавите и немирни веѓи, едноставно премачкајте ги со тенок слој на балсам и ќе добиете одлични резултати.

 

Запознајте се себеси

Доколку имате црна коса, најдобро ќе ви прилега облека во црна боја, во која ќе изгледате елегантно и драматично. 
Ако имате коса со боја на песок, најдобро ќе ви одговара облека со боја на слонова коска, но препорачливо е во вашиот орман да внесете и поживи бои, како на пример зелени панталони.

Доколку не можете да одлучите каква боја на облека најдобро би ви одговарала на вашиот изглед, можете да ги погледнете познатите и славни актери и да украдете некоја нивна модна комбинација. Нема да погрешите во никој поглед, бидејќи за нив секогаш се грижат добро познати модни креатори.

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2589 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус