Мој предлог, Серија

„Модерна фамилија“ ТВ серија која ќе ве насмее

13 јули, 06:44

Американската ТВ серијата „Модерна фамилија“ се базира на измислена приказна во која се исмеваат ситуациите во кои запаѓаат три „современи семејства“. 

Семејството Данфи постојано има проблем со домашните правила, Фил и Клер се тотално спротивни личности, а нивните три деца Хејли, Алекс и Лук ни малку не наликуваат на својата возраст.

За разлика од нив, Џеј и неговата многу помлада сопруга Глорија се обидуваат да се справат со родителските предизвици. Џеј има две возрасни деца, а Глорија е млада и згодна девојка за која би рекле дека е негова ќерка.

Третото семејство е малку покомплицирано. Мичел и неговиот сопруг Камерон се геј пар кои посвојуваат бебе. На нивното неприфаќање во околината се справуваат со силната меѓусебна поврзаност. 

Оваа серија се емитува на ABC, a првата епизода беше емитувана на 23 септември 2009 година. До денес снимени се 4 сезони со вкупно 85 епизоди. За успехот и гледаноста на серијата сведочат и трите последователни награди за најдобра ТВ серија.

„Модерна фамилија“ е во режија на Кристофер Лојд и Стивен Лавитан, музиката е на Габриел Ман, а актерската екипа ја сочинуваат: Ед О'Нил, Софија Вергара, Џули Боуен, Тај Бурел, Џеси Тејлер Фергусон, Ерик Стонстрит, Сара Хајланд, Ариел Винтер, Нолан Гоулд, Рико Родригез и Обри Андерсон Емонс.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3881 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус